Затворот „Флури Мерожис“ е најголемиот затвор во Европа. Се наоѓа во Франција, во истоимениот град јужно од предградието на Париз. Денеска 123 затвореници одбиле да се вратат во ќелиите, а ширум Франција затворските чувари протестирале поради тешките услови за работа предизвикани од насилните затвореници и пренатрупаните ќелии.
Според информациите од затворот, во него во моментот нема насилство и затворениците не се произнеле со никакви барања.
Обвинувањата од затворските чувари во Франција за тешките услови минатата недела се претворија во протести во затворите ширум земјата, а францускиот претседател Емануел Макрон наложи реформи во затворскиот систем.
НАЈГОЛЕМИОТ ЗАТВОР ВО ЕВРОПА
Според податоците од Википедија, во затворот се наоѓаат 3800 луѓе, додека медиумите пренесуваат дека таму во моментов има 4300 затвореници.
„Флури Мерожис“ е познат како водечки центар на исламската радикализација во европските затвори.
Изграден е во периодот меѓу 1964 и 1968 година, а комплексот од 180 хектари се состои од четири ентитети. Голем машки затвор, помал женски затвор, затвор за малолетници и полициска касарна.
Главниот затвор е формиран од централната зграда од која излегуваат пет блока, од кои секој се состои од три крила, со четири нивоа на ќелии. Секој блок има капацитет за 900 затвореници.
Затворот е еден од трите главни затвори на подрачјето на Париз, покрај затворот „Фреснес“ (вториот по големина во Франција) и затворот „Ла Санте“ (кој се наоѓа во центарот на Париз).
На врвот на објектот постои жица која спречува слетување на хеликоптери и други начини на бегство. Дното на зградата е затворено со ѓубрето кое го фрлаат затворениците.
Според многубројните затвореници, во најголемиот затвор во Европа затворени биле и се познати лица од подземјето. Меѓу нив биле и Амеди Кулибали (учествувал во нападот на маркет два дена по нападот на Шарли Ебдо и е еден од тројцата организатори на терористичките напади во јануари во 2015 година). Жакес Месрин (еден од најозлогласените криминалци во земјата), како и Салах Абдеслам (поврзан со планирањето на терористичките напади во Париз во ноември 2015 година и Брисел во 2016 година). Во него се наоѓаат затвореници од 80 држави.
Повеќето затвореници се во дваесеттите години, тие не се најопасни, но се најзагрозени, а повеќето потекнуваат од Сирија.
„Многу малку луѓе внатре се со брада, некои никогаш не излегле од овој град, а повеќето биле индоктринирани преку интернет. Поединци завршиле висока школа, а поединци се софистицирани. Наставата по филозофија е особено популарна кај овие притвореници. Не им е дозволено да носат џелаб (традиционална женска и машка народна носија во Магреб и Северна Африка)“, изјави директорката на најголемиот затвор во Франција.
Protests erupted following last week’s stabbing attack by a former al-Qaeda member during transfer which resulted in the injury of three guards in the prison of Vendin-le-Vieil https://t.co/dAg0jhsPwv #FleuryMerogis pic.twitter.com/F5o4OW5GG3
— Sputnik (@SputnikInt) 18 January 2018
ПРОТЕСТОТ НА СТРАЖАРИТЕ
Затворскиот персонал палел гуми и поставил барикади минатата недела во знак на протест откако, како што наведуваат, еден затвореник со нож се обидел да нападне повеќе луѓе минатата недела во затворт „Вандел ле Вјеј“ на северот на Франција, затвор со силно обезбедување. На исламски терорист, кој е на отслужување затворска казна во Франција поради нападот во Тунис, му се заканува испорачување во САД поради нападот во 2001 година, кога нападнал и повредил тројца затворски стражари.
Напаѓачот, како што наведува агенцијата, го посетил убиениот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, во Авганистан, а е на отслужување казна поради напад на синагога во Тунис кога животот го изгубиле 21 лице. Баран е во САД и во врска со нападите на Кулите близначки во 2001 година.
Чуварите, покрај тоа барање, соопштиле дека немаат доволно луѓе и ресурси на безбеден начин да се пресметаат со опасните затвореници.
Prison #unions block the gate at #FleuryMerogis prison, near #Paris today to #demand for more #security following an #attack in Vendin-le-Vieil #prison. Video: Stephanie R pic.twitter.com/pNOaNZyVkR
— CrowdSpark (@CrowdSparkLTD) 16 January 2018
„Постои омраза, огорчени се“, изјави членот на синдикатот на затворските работници мислејќи на затворениците, додавајќи дека стражарите се загрижени дека можат да бидат нападнати.
Работничкиот синдикат CGT соопшти дека протестите се организирани во половината од вкупно 188 затвори низ државата, наведува „Ројтерс“.
Макрон изјави дека владата наложи до крајот на февруари да изнесе глобален план за затворските установи, кој ќе го модернизира затворскиот објект во секој дел од земјата и ќе собира информации за затворениците. Исто така, предложи и значаен премин на алтернативно казнување, како што се обврзувачката општествено корисна работа или електронска нараквица.
Les surveillants de #FleuryMérogis tentent de maintenir leur blocage de la prison face aux CRS pic.twitter.com/fl9NFuRdKp
— Clément Lanot (@ClementLanot) 18 January 2018
Тој во текот на предизборната кампања вети дека ќе бидат изградени нови 15.000 затворски ќелии.
Француските затворски стражари редовно се жалат на недостигна персонал и предупредуваат дека поради благиот пристап на затворската управа сè потешко и поопасно e да се излезе на крај со големиот број исламистички екстремисти и симпатизери.
„Некои директори управуваат со затворите како да се јасли. Што ќе ги натера да дејствуваат, нечија смрт?“, прашува Жан Франсоа Горже, претставник на еден од синдикатите на затворските чувари.
Тој ги обвини властите дека ги игнорираат жалбите кои вклучуваат 4000 неодамнешни забележани случаи на насилство над чуварите, меѓу кои и 15 инциденти во кои чуварите се земени како заложници.
Иако новите затвори и поголемиот персонал го решил овој проблем, потребни се итни мерки за да се излезе на крај со опасната „дијаспора“, внатре во француските затвори, смета Форже.