Групата „Пчелички“, најмалите танчери од клубот „Брејк-а-лег“ освоија златна медала на Интернационалниот танцов натпревар Dance off, што викендов се одржува во спортскиот центар „Јане Сандански во Скопје. Тие играа на две песни, од Мајкл Џексон и од анимираниот филм „Фроузен“.
На меѓународниот натпревар се пријавени преку 3100 натпреварувачи од неколку земји, на различна возраст и во различни категории. Натпреварувачите играат во формации, групи, двојки и соло. Најдобрите од нив утревечер ќе се натпреваруваат на гала вечерта во МОБ, каде што ќе се одржат натпревари во класичен балет, модерен балет, џез денс и слично.
Претходно, во Скопје се одржа Европското првенство во Street Dance Show и светските купови во диско денс и хип-хоп, на кои настапија преку 1000 учесници од 22 земји.
Организатори на сите натпревари се танцовите клубови „Брејк а лег“ и „Ит-да-бит“. Овие два клуба во декември 2020 година ќе го организираат Светско првенство во латино шоу и синхро денс.