(Видео) НАСА лансира сонда на Марс

Американската вселенска агенција НАСА ја лансира сондата Persiverens („Истрајност“), која треба да слета на Марс, на кратерот Езеро.

Мисијата на „роверот“ на новата генерација има цел да бара знаци за живот и да ги утврди спецификациите и карактеристиките на земјиштето и климата на Црвената планета.

Сондата е најсофистицираниот „ровер“ што НАСА некогаш го испратила на Марс и се очекува да го изгради патот на идните мисии на човекот и подалеку од Месечината.

„Роверот“ е опремен со научни инструменти, напредни компјутерски можности за слетување и други нови системи. Освен тоа, „роверот“ ќе транспортира и хеликоптер наречен „Генијалност“, прво летало што контролирано ќе лета на друга планета.

Со шасија долга 10-ина метри, возилото е најголем и најтежок Марс-ровер што НАСА некогаш го има изградено. Далеку поголем и потежок од сите претходни.

Сондата ќе има цел да пронајде одговор на едно од клучните прашања во астробиологијата. Има ли знаци на постоење микроби на Марс?

Се очекува „Истрајност“ да слета на површината на Марс во втората половина на февруари 2021 година. Езерото е кратер широк 28 километри за кој се претпоставува дека пред три или четири милијарди години бил оаза.

 

Scroll to Top