Мртов кит бил најден на брегот на реката Темза. Ова е втор ваков случај во последните два месеци. Одговорните велат дека се работи за вид на кит кој може да порасне до 10 метри и дека тежи околу 10 тони.
Овој примерок е најден насукан под мостот Батерси. Овој вид повремено се наоѓа во британските води, а единки од него се присутни во Атлантикот, Пацификот и Индискиот Океан.
Претпочита студени региони, па може да се најде и во арктичките води. По обдукцијата во лондонската зоолошка градина, ќе биде позната причината за смртта.