(Видео) Научници оживуваат животно старо 42.000 години

Тим на руски и јужнокорејски научници се обидуваат да оживеат животно старо 42.000 години пренесува Daily Mail. Научниците велат дека се убедени дека ќе успеат да ги извадат клетките од стар фосил на ждребе од изумрен вид, за да можат потоа да го клонираат овој праисториски вид и да го вратат во живот.

Овој обид, познат од филмот „Паркот Јура“, да се обнови одамна изумрен вид на коњ, би можела да послужи како понатамошна пракса во оживувањето на џиновските волнени мамути, велат научниците.

Ова ждребе, кое е старо најмногу две недели кога загинало, сочувано е во речиси совршена состојба во сибирскиот пермафрост, зона каде владее вечен снег речиси 42.170 години, тврдат научниците.

По повеќемесечен интезивен труд, од истражувачкиот тим велат дека се оптимисти и дека ќе дојдат до клетките потребни за клонирање на примерокот од Lenskave коњот, кој изумрел пред околу 4000 години.

„Истражувачите се сигурни во успех на проектот. Со обидите ќе продолжат и до крајот на април“, изјавиле од Североисточниот федерален универзитет во Јакутск, во најстудениот град на светот“, пренеле од Siberian Times.

Нивниот проект велат дека толку сигурен во своите истражувањата, што веќе ја бираат мајката која ќе ја има историската улога во раѓањето на ждребето од изумрениот коњ.

„За првиот обид за клонирање, најверојатно ќе се користи корејски коњ за сурогат мајка. Треба да биде совршено совпаѓање. Веќе некое време за клонирање се користи овој вид на технологија која е доведена до совршенство“, изјавила докторката од овој проект Лена Григорјева.

Овој вид на коњ е прилично стар и е наследник на монголскиот коњ. Втората опција е да се користи јакутски коњ, од источен Сибир кој е наследник на видот Lenskave видот. Тоа се коњи кои можат да издржат и температури под 60 степени под нулата.
Доктор Сејмон Григорјев, водечкиот истражувач во Музејот на мамутите во Јакутск, изјавил дека состојбата во која е пронајдено ждребето, дава надеж за овој проект.
„За среќа, мускулните ткива на животните се неоштетени и одлично сочувани, така што успеавме да добиеме примероци од овој единствен примерок за биотехнолошки истражувања“, изјавил Григорјев.
Извор: Daily Mail
Scroll to Top