(Видео) Невеста заглави среде поплавените улици на Њу Џерси

Невеста завршила на покривот од автомобилот додека чекала да ја спасат за време на поплавите во Њу Џерси. Девојката мирно седела на покривот од својот автомобил чекајќи го полицаецот кој дошол со полициски џип и се обидел да ја извлече. Освен невестата, во поплавата заглавиле и младоженецот и кумовите. По силните дождови што го зафатија американскиот град, само 15 минути беа доволно за улиците да бидат поплавени со вода.

„За жал, поради многу дожд, младоженецот и невестата имаа тежок почеток на венчавката. Добра работа е што од прва успеавме да им помогнеме. Денот не им мина како што планираа, но сепак им упативме честитки и им посакуваме среќа во животот“, изјавиле службените лица што помогнале во спасувањето.

 

Scroll to Top