(Видео) Њујорк ќе ја отстрани статуата на Томас Џеферсон, еден од основачите на САД

By

Градот Њујорк го одобри предлогот за отстранување на статуата на Томас Џеферсон, еден од основачите на САД. Од градското мнозинство, едногласно го усвоиле предлогот за отстранување на статуата, на еден од авторите на Декларацијата за независност на САД.

Статуата ќе биде отстранета поради робовладетелското минато на Томас Џеферсон. Џеферсон на својата плантажа во Вирџинија држел во заробеништво повеќе од 600 робови и робинки, а со една од нив имал и шест деца.

Отстранувањето на статуата била предлог и барање веќе неколку години од страна на латиноамерикански и афроамерикански членови на градското мнозинство.

„Томас Џеферсон беше третиот американски претседател и за него се верува дека ги покажува најсрамните страни во долгата и богата историја на нашата земја“, рече афроамериканската членка во совеетот на градот Њујорк, Ејдриен Адамс.

Расправата за отстранување на оваа статуа во просторите на Градскиот совет во Њујорк ја оживеа движењето „Животот на црнците е важен“, Black Lives Matter, кое започна да се оформува по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Во мај 2020 година, Флојд беше убиен од страна на полицаецот Дерек Шовен од Минеаполис, кој го угуши за време на апсењето, притискајќи го на земја со колено.

Ќе ви се допадне

AnimeFLV: Ah My Buddha Katsu anime episode 12 online free at https://animeflv.uk free anime online

AnimeDao: Angel Beats! OVA anime episode 2 online free at https://animedao.nl kissanime animedao

Amagami SS+ Plus Picture Drama (https://wcostream.cc/m/MyNE) Episode 2

Watch anime online for free at AnimeTV animetv

Website https://aniwatch.pro: Watch God Mars aniwatch Episode 64 aniwatch.me