Излезе трејлер за долгоочекуваниот филм со Роберт Патинсон како Бетмен и Зои Кравиц како Жена-мачка, каде тој се бори со The Riddler, чија улога толкува Пол Дано.
Во трејлерот, кој за еден ден собра 6 милиони прегледи, е прикажана растечката врска помеѓу Бетмен и Жената-мачка.
„Две години следење по улиците, внесување страв во срцата на криминалците, го одведоа Брус Вејн длабоко во сенките на Готам Сити“, се вели во официјалниот синопсис на филмот.
Покрај Патинсон, Кравиц и Дано се јавуваат и Енди Серкис како Пениворт, Џефри Рајт како Џејмс Гордон од GCPD, Џон Туртуро како Кармин Фалконе, Питер Сарсгард како Готам Д.А. Гил Колсон и Колин Ферел како Освалд Коблпот/Пингвин.
Филмот наречен „Бетмен: Лилјакот и мачката“ (англ. The Batman: The bat and the cat).е во режија на Мет Ривс, кој го напиша и сценариото со Питер Крег. Тој ќе почне да се прикажува во кино салите од 4 март 2022.
Ривс неодамна изјави дека легендарниот пејач на „Нирвана“, Курт Кобејн, му бил инспирација за познатиот суперхерој.