Објавен е првиот официјален тизер за документарецот„Хари Потер: Враќање во Хогвортс“, направен по повод 20-годишнината од излегувањето на првиот филм од култниот серијал со Хари Потер, кое ќе ги опфати сите главни ликови кои се јавуваат во него. Тој премиерно ќе биде прикажан на 1 јануари на HBO Max.
„Harry Potter 20th Anniversary: Return to Hogwarts“ ќе биде сличен на „Пријатели: Повторно заедно“.
Актерите Даниел Редклиф, Рупер Гринт и Ема Вотсон заедно со многумина глумци кои се појавија низ сите осум филма ќе се вратат назад во Хогвортс за да го прослават јубилејот од премиерата на „Harry Potter and the Sorcerer’s Stone“. Неговата премира се одржа на 4 ноември и 2001 година во култното лондонско кино Odeon Leicester Square, а потоа на 10-ти низ цело Обединето Кралство и на 16-ти во САД.
Следната година беше објавен филмот „Harry Potter and the Chamber of Secrets“, а во 2004 „Harry Potter and the Prisoner of Azkaban“. Потоа следеа филмовите: „Harry Potter and the Goblet of Fire“ (2005), „Harry Potter and the Order of the Phoenix“ (2007), „Harry Potter and the Half-Blood Prince“ (2009), како и дводелниот филм „Harry Potter and the Deathly Hallows“ (2010 и 2011).
Во 2016 година отпочна спиноф серијалот „Fantastic Beasts“ со „Fantastic Beasts and Where to Find Them“, а две години подоцна и „The Crimes of Grindelwald“ (2018). Последниот дел „The Secrets of Dumbledore“ треба да излезе во април следната година.