Холивудската актерка Селма Блер (49) во 2018 година откри дека ѝ е дијагностицирана мултпла склероза. Таа одлучи заедно со режисерката Рејчл Флејт да го снимат документарниот филм „Introducing Selma Blair“ (Запознајте ја Селма Блер), каде актерката го раскажува својот живот по добивањето на дијагнозата.
Во него, таа ги документира своите најемотивни и најинтимни моменти во текот на првата година со МС, своите најдобри и најлоши денови. Документарецот ја прикажува способноста на актерката да ја задржи својата смисла за хумор дури и во најтешките моменти.
„Ми рекоа да се подготвам за умирање. Не затоа што имам мултипла склероза, туку затоа што се борам со МС“ се само дел од зборовите на актерката Селма Блер кој таа ги раскажува во текот на трејлерот кој беше објавен во четвртокот.
Мултипла склероза е доживотна болест која влијае на мозокот и нервите и го отежнува телото да ги извршува секојдневните работи. Луѓето со оваа болест имаат проблеми со одењето, зборувањето и јадењето.
Покрај Блер, неодамна и нејзината колешка, актерката Кристина Еплгрејт објави дека се соочува со мултипла склероза.
Откако го победи ракот, актерката Кристина Еплгрејт сега се соочува со мултипла склероза