Би-би-си вчера објави трејлер за последната сезона од гангстерска сага „Бирмингемска банда“ (анг. Peaky Blinders). Во него има краток увид во животите на членовите на бандата од Бирмингем, со порака изговорена од Килијан Марфи во улога на Томи Шелби: „Ова ќе биде крајот“. Тој ќе бара начин кланот конечно да се одмори. Покрај него, се враќаат и Том Харди, Пол Андерсон и Фин Кол.
Една од главните ѕвезди на серијата, актерката Хелен Мекрори, почина во април оваа година, а судбината на ликот на тетка Поли која ја играше актерката, не беше откриена во трејлер кој беше излезе една година по објавата дека серијата ќе има вкупно шест сезони.
Сè уште не е објавен датумот на емитување, иако се шпекулираше дека ќе биде на почетокот на 2022 година.