(Видео) Осум лица загинаа на концертот на Тревис Скот во Хјустон

За време на концертот на Тревис Скот на фестивалот Astroworld во Хјустон, најмалку осим лица загинале, а има и голем број повредени. До несреќата дошло откако публиката во голем број почнала да се движи кон сцената, по што концертот веднаш бил прекинат пишува Sky News.

11 посетители добиле срцев удар. Сем Пен од противпожарната станица во Хјустон, рече дека до стампедото дошло околу 21:00 часот, кога голема топла луѓе почнала да се турка кон предниот дел од сцената.

„Луѓето почнаа да паѓаат, да губат свест и тоа создаде дополнителна паника“, рече Пена, кој додаде дека 17 посетители биле пренесени во локалната болница, од кои 11 од нив добиле срцев удар.

Повеќе од 300 луѓе примиле лекарска помош во импровизирана болница поставена во близина на фестивалот. Засега не е познато што ја предизвикало несреќата.

„Мислам дека е многу важно да не шпекулираме. Никој засега нема одговор“, рече началникот на полицијата во Хјустон, Трој Фајнер.

На видеата кои беа објавени се гледа како група на луѓе ја пробиваат оградата на влезот за да дојдат на концертот. Фестивалот кој го организираше Скот, требаше да се одржи и во петок и сабота, но, официјалните лица го откажаа во вториот ден.

На концертот имало околу 50.000 посетители. На фестивалот требало да настапат и други музичари, вклучувајќи ги и SZA, Bad Bunny и 21 Savage.

Локалните медиуми објавија дека Скот неколку пати го прекинал својот 75 минутен настап, кога видел дека поединци од публиката кои биле преблиску до сцената се во опасност.

Тој побарал од обезбедувањето да провери дали со нив е сè во ред, како и да им се помогне да излезат од толпата. Возилата на итна помош, во неколку наврати се пробиле низ масата за да им пружат помош.

Scroll to Top