(Видео) Откриено ново изолирано племе во Амазонија

Член на племето Гујхахара кој се залага за заштита на изолираните домородни народи во Амазонија објави снимка од маж за кој верува дека е дел од изолираното племе Ава во Бразил. Тој порача дека забрзаното уништување на амазонските шуми се заканува на начинот на живот на домородните племиња. Снимката е направена во прашума во Маранхао и покажува човек како држи нож и ја крева острицата до лицето пред да го забележи човекот што го снима.

„Луѓето од племето Ава немаат контакт со никого и се прогонувани повеќе од 500 години. Иако живеат во близина, никогаш не сме имале контакт со нив. Секогаш сме знаеле дека се тука, среде големата шума“, вели мажот што ја направи снимката.

Иако некои членови на ова изолирано племе успеале да остварат контакт со надворешниот свет, повеќето сè уште живеат во изолирани подрачја на прашумата на која сега ѝ се заканува опасност поради сечење дрвја. Членовите на племето Гујхахара велат дека тие се организирани да го заштитат изолираното племе.

„Загрижени сме за идните генерации и за изолираните племиња кои никогаш не сме ги виделе, а за кои сме слушале од бабите и дедовците. Ни кажаа дека ним им е потребна нашата заштита и нивната шума“, рекол тој, па додал дека уништувањето на Амазонија е реалност и дека последиците се многу сериозни за сите.

Scroll to Top