(Видео) Овации за „Танец”, најдобри на светски натпревар во Париз

Оркестарот на ансамблот „Танец“ го освои Гран прито на меѓународниот фестивал на уметности Les Etoiles De Paris што се одржа во Франција. Тие беа најдобри во конкуренција на 350 учесници. Оркестарот го отсвире „Софка“, „Пиперково оро“ и „Шопска петорка“. Предводели од Дарко Илиевски, нивниот настап предизвика силен аплауз и овации во Париз.

Ансамблот „Танец“, кој е симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура, постои 60 години. Тие се нарекуваат културни амбасадори на Македонија во светот. Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец“ е официјано формирана во мај 1949 година. Целта на формирањето на ансамблот претставувала потребата за создавање институција што ќе го одржува, негува, чува и збогатува македонскиот фолкор.

„Танец“ има учествувано на преку 4500 концерти и имаат настапено пред околу 8 милиони гледачи ширум светот. Репертоарот на ансамблот го сочинуваат игри, песни и оркестарски дела како што се: „Невестинското“, „Тешкото“, „Комитско“, „Чифте Чамче“ и многу други.

Scroll to Top