Папата Франциск се сопна и падна на скалите додека се качуваше на авион во Грција. Поради силниот ветер, тој за момент забави и изгуби контрола.
На 4 декември католичкиот папа пристигна во тридневна посета на Грција, чија цел беше да ги зближи Римокатоличката и Источната православна црква. Тој побара прошка во име на Римокатоличката црква за грешките што доведоа до нејзино распаѓање. Папата се осврна и на маките на мигрантите заглавени во Грција, опишувајќи го тоа како „ужасна модерна Одисеја“.
За потсетување, во јули поглаварот на Светата столица беше подложен на тричасовна операција на дебелото црево, што предизвика шпекулации за неговото здравје.
The Pope loses his footing as he ascends the steps to the plane after his trip to the nearby neighbouring countries.
Watch more videos from Sky News: https://t.co/WOmNhIQHZQ pic.twitter.com/h5IK9CvA6U
— Sky News (@SkyNews) December 6, 2021