(Видео) Папата падна по скали додека се качуваше на авион

Папата Франциск се сопна и падна на скалите додека се качуваше на авион во Грција. Поради силниот ветер, тој за момент забави и изгуби контрола.

На 4 декември католичкиот папа пристигна во тридневна посета на Грција, чија цел беше да ги зближи Римокатоличката и Источната православна црква. Тој побара прошка во име на Римокатоличката црква за грешките што доведоа до нејзино распаѓање. Папата се осврна и на маките на мигрантите заглавени во Грција, опишувајќи го тоа како „ужасна модерна Одисеја“.

За потсетување, во јули поглаварот на Светата столица беше подложен на тричасовна операција на дебелото црево, што предизвика шпекулации за неговото здравје.

Scroll to Top