(Видео) Парада на глупаво одење во Будимпешта

Повеќе од стотина Унгарци излегоа низ улиците на Будимпешта и се приклучија на парадата на глупаво одење. Со несекојдневни потези од британската комичарска група Монти Пајтон голем број граѓани маршираа низ унгарската метропола по повод Денот на шегата, 1 Април.

Парадата беше организирана од Бенедек Патрок, кој кажа дека настанот им овозможува на луѓето да заборават на секојдневните проблеми. Пред маршот сите учесници, меѓу кои имаше и млади и стари, се загреваа, марширајќи три круга во близина на метро-станица во центарот на Будимпешта.

Scroll to Top