(Видео) Питон долг 7 метри проголтал жена во Индонезија

Леш од жена од Индонезија е пронајден во стомакот на огромен питон, долг седум метри, кој бил фатен во близина на една градина, каде што работела жената.

Телото на Ва Тибе (54) го пронашле селаните кој тргнале во потрага по неа, на островот Мун.

„Жителите се посомневале дека змијата ја проголтата жртвата па ја убиле. Кога ја распарале, го виделе телото на жената“, изјавил шефот на локалната полиција.

Џиновскиот питон кој живее во тропските шуми, често ги напаѓа малите животни, но ретко луѓето.

 

Scroll to Top