Ајлин Мекен (81) од Ирска, вели дека ја пронашла својата мајка која ја барала повеќе од 60 години. Ајлин пораснала во дом за деца без родители во Ирска и никгаш не ја запознала нејзината биолошка мајка.
Кога наполнила 19 години, Ајлин почнала со потрагата. На почетокот немала успех. Минатата година таа контактирала со телевизијата RTE, со надеж дека ќе и помогнат да ја најде нејзината мајка.
Со помош на експерти по генеалогија, таа ја открила 103 годишната Елизабет, која била нејзината биолошка мајка и која живеела во Шкотска. Ајлин вели дека нејзината желба конечно се исполнила.
Со сопругот, ќерката и зетот, Ајлин отпатувала во Шкотска за да ја запознае Елизабет.
„Отидов да ја видам и таа беше најубавата дама“, изјавила Ајлин.
Кога стигнавме до нејзиниот дом, врата ја отвори маж за кого се испостави дека бил нејзиниот полубрат.
„Му кажав дека сум од Ирска и дека дојдовме да ја запознаам мојата мајка“, вели Ајлин.
Ајлин со семејството минала три дена во Шкотска, а за целото тоа време, таа постојано разговарала со нејзината мајка Елизабет, за која вели дека не ја пуштала од раце.
Eileen Macken, who was born in the Bethany Home in Dublin, has been reunited with her mother after 60 years of searching for her pic.twitter.com/Gc3X7WRr02
— RTÉ News (@rtenews) May 9, 2019