Мукеш Амбани најбогатиот Индиец приреди незаборавна забава за свадбата на својот син Акаш. Четвртиот најбогат човек во светот и претседател на најголемата индиска компанија Reliance Industries, по венчавката на неговата ќерка минатата година во декември, повторно го собра светскиот џет-сет на едно место.
Свадбата на младоженецот Акаш Амбанија со невестата Шлока Мехт која е ќерка на идиски трговец со драгоцености, била одржана во новоизградениот конгресен центар Амбана во комплексот „Бандра Курла“.
Акаш (28) има студирано во Америка на Универзитетот „Браун“. На неговата венчавка присуствувале извршниот директор на „Гугл“ Сундар Пичаи, директорите на банката „Америка“, компаниите „Самсунг“ и „Џеј Пи Морган“, како и поранешниот британски премиер Тони Блер.
Покрај нив на венчавката присуствуваа и најголемите холивудски ѕвезди и познати спортисти. За музиката бил ангажиран американскиот бренд „Maroon 5“, како и голем број на професионални танчери. Гостите на крајот имале можност да уживаат во раскошен огномент.
На социјалните мрежи се појавија голем број на снимки од приватната веселба, а највпечатлив бил моментот кога младоженецот ја бакнува невестата.