Почина петгодишниот Рајан Аврам, кој пред пет дена падна во бунар во Мароко, известија тамошните власти. Неговото спасување се следеше со денови ширум светот. За време на извлекувањето, насобраната толпа чекаше детето да биде извлечено, аплаудирајќи. Иако спасувачите успеаа да го извлечат од бунарот и да го стават во возило на брза помош, сепак Рајан почина на пат кон болницата, објавија локалните медиуми.
Кралската палата соопшти дека момчето не преживеало, а кралот Мохамед испрати сочувство до неговите родители.
За потсетување, во вторникот Рајан падна во бунар длабок 32 метри во селото Игара во северната мароканска провинција Шефшауен, а спасувачите оттогаш деноноќно се обидуваа да стигнат до него. Тоа за нив претставуваше деликатна спасувачка операција, во која паралелно со бунарот беше ископана шахта, а потоа и хоризонтален тунел за да се стигне до момчето.
Спасувачите се обидоа да го одржат момчето во живот, давајќи му залихи вода и кислород. Му ставија и надзорна камера за да го следат неговото здравје и да комуницираат со него. Но, напорот да се извлече момчето беше отежнат од тесниот отвор на сувиот бунар и кревката почва.
Државната новинска агенција МАП објави дека во петокот вечерта почнале да копаат хоризонтално и дека е постигнат напредок. Тие соопштија дека дупката помеѓу бунарот и парарелната шахта е ископана, цитирајќи неименуван локален функционер.
Акцијата за спасување ја успорија камените бариери и делумното уривање на земјата при ископувањето.
#BREAKING: A helicopter has taken little #Rayan to the nearest hospital and Moroccan authorities have yet to provide any updates on his health condition#SaveRayan #قلوبنا_مع_ريان #أنقذوا_ريان https://t.co/rJe3i8Y7iE pic.twitter.com/93QS3SNBph
— Arab News (@arabnews) February 5, 2022