Седумгодишниот германски овчар Бади е првото куче во САД кое почина од коронавирус. Бади беше првото куче на кого му беше дијагностициран Ковид-19. Тоа почина во Њујорк, по тримесечна борба со болеста, пренесува Си-ен-ен.
Ветераните не се сосема сигурни дали Бади почина од последица на Ковид-19 или од лимфом, од кој боледувал, но двајцата лекари кои ја анализирале неговата историја на болест сметаат дека германскиот овчар подлегнал од малигно заболување.
Бади првите симптоми на вирусот ги имал на средината на април, пред неговиот седми роденден. Имал потешкотии со дишењето, ослабел, а дури по неколку посети на ветеринар и третман, на 15 мај бил тестиран на Ковид-19.
Министерството за земјоделие на САД потврди дека Бади на 2 јуни бил позитивен на коронавирус. По неколку месеци, неговите сопственици и ветеринар одлучиле дека е најдобро да го успијат.