(Видео) Почина Ричард Овертон најстариот Американец

На 113-годишна возраст вечера во болницата Остин во Тексас почина најстариот Американец, Ричард Овертон. Овертон, како што пренесува семејството, починал од воспаление на белите дробови.

Во своите триесетти години Овертон доброволно се пријавил во војска. Бил дел и од нападот врз Перл Харбор, непосредно по јапонската акција во 1941 година.

Во 1887 година служел во баталјон на воздухопловниот инжнеринг, кој бил составен исклучиво од црнци. Овертон е роден во 1906 година, во близина на Остин. Тој за својата долговечност велел дека заслужно било вискито.

Поранешниот претседател на САД Барак Обама во 2013 година му оддал признание на церемонијата по повод Денот на ветераните.

„Овертон беше дел од Перл Харбор кога бродовите сè уште димеле. Бил и на Окинава и на Иво Џими, од каде, како што вели, се извлекол благодарение на божјата милост“, изјавил тогаш Обама за Овертон.

 
Scroll to Top