Полицискиот службеник Едуардо Матуте од Њу Џерси, спаси едномесечно бебе кое непознат маж го фрлил од балкон. Полицијата во Њу Џерси добила повик дека бебето е во опасност, а кога стигнале на лице место, мажот се заканил дека ќе го фрли од балконот.
Откако не успеале да го одговорат, човекот го фрлил, а полицаецот Едуардо матуте, успеал да го фати, пренесува „Си-ен-ен“. Мажот веднаш бил уапсен и сега е обвинет за обид за убиство, тежок напад и загрозување на безбедноста на детето.
На твитер-налогот на Њу Џерси, објавена е фотографија од детето и полицаецот кој го спасил.