Поранешниот министер за комуникации Сајед Садет (49) лани се пресели во Германија за подобра иднина. Тој сега работи како доставувач на храна во Лајпциг, пренесува Ројтерс.
Садет признава дека некои од неговите блиски го критикувале што се нафатил на таква работа, иако ја извршувал функцијата министер, од која поднел оставка во 2018 година. Но, според него работата е работа.
„Немам за што да се чувствувам виновен. Се надевам дека и другите политичари ќе го следат истиот пат, ќе работат со јавноста и нема да се кријат“, вели тој.
Садат се борел да најде работа во Германија што ќе одговара на неговото претходно искуство.Иако поседува дипломи за информатика и телекомуникации, шансите да најде работа во срордна област биле мали, бидејќи не го познавал германскиот јазик.
„Јазикот е најважниот дел“, вели Садат, кој има и британско државјанство.
Тој сега учи германски четири часа секој ден во училиште за странски јазици, а потоа започнува ја шестчасовната смена со доставување оброци. Околу работата, тој признава дека првите денови му биле возбудливи и тешки. За него претставувало вистински предизвик да научи да вози велосипед во градскиот сообраќај. Сепак, тој вели дека колку повеќе е меѓу луѓе, толку повеќе учи од нив.
Неговото семејство и пријателите исто така сакаат да ја напуштат земјата, во надеж дека ќе успеат да се качат на летовите за евакуација, или на некој друг начин.