(Видео) Повратничката епизода на „Пријатели“ ќе биде како средба на најдобрите пријатели

Стриминг-платформата „Ејч-би-о макс“ вчера го објави трејлерот за повратничката епизода на „Пријатели“, која ќе се емитува на 27 мај. Во специјалната епизода наречена „Пријатели: Обединување“, се појавуваат сите шест члена на оригиналната екипа: Метју Пери, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер.

Епизодата нема сценарио, а актерите не ги глумат ликовите од серијата: Моника, Чендлер, Џои, Рејчел, Рос и Фиби, туку се самите тие.

„Ништо не е по сценарио, не сме влезени во ликовите. Ние сме ние, вистинските луѓе“, рече Швимер, кој во серијата го глуми Рос Гелер.

Домаќин на епизодата ќе биде Џејмс Корден, а ќе гостуваат и бројни славни личности, како Леди Гага, Дејвид Бекам и Џастин Бибер.

„Пријатели“ е еден од најуспешните ситкоми на сите времиња. Таа престана да се емитува во 2004 година по десет сезони.

Scroll to Top