(Видео) Пожарите во Амазонија го уништија домот на древно племе

Разорниот пожар во Амазонија уништија повеќе домови на древно домородско племе кое живеело длабоко во прашумата. Оганот се заканува дека ќе уништи големи делови од заштитените шумски резервати.

Автохтоното племе Мура, денес е опкружено со исушена земја и отсечени стебла, што е последица на неконтролираната сеча на дрва, како и пожарите кои веќе некое време хараат низ цел Бразил. Секаде може да се почувствува опожарени дрва.

Племенскиот старешина Раимундо Мура, кој живее во резерватот Хумаите во Амазонас, вели дека ќе се бори до последната капка крв за прашумата.

„Секое дрво има живот, дрвата треба да живеат, секоја на своето место. Ова за нас е уништување, ова што сега тука се случува е злостор против нас“, вели тој.

Уште еден припадник на племето, Хандек Вукан Мура, вели дека секој ден гледа како уништувањето на прашумата напредува.

„Тажни сме што прашумата умира со секој час. Чувствуваме дека климата се менува. На нас и нашите деца оваа шума ни е потребна“, вели Вукан.

Припадниците на едно племе пред медиумите изјавиле додека во позадина шумата горела.

„Погледнете што му направија на нашиот резерват. Се мачевме две години и тогаш тие бандити дојдоа во нашето село и го запалија. Како браната да не беше доволна. Ја убија реката, а сега сакаат да го уништат и нашиот дом. Ова нема да го дозволиме“, велат тие.

Повеќе од 9500 нови пожари се појавиле ширум Бразил, воглавно во подрачјето на џунглата. Експертите процениле дека со секоја минута исчезнува една област со големина на три фудбалски терени.

Пожарите се толку страшни што последиците можат да се видат од вселената. Во Амазонската прашума, живеат околу милион домородци, а таа е дом и за околу три милиони видови на билки и животни.

Претседателот на Бразил не е загрижен

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро е виден како се шегува и прави селфи за време на церемонијата на која добил воени почести, додека во Рио де Жанеиро биле одржани масовни протести поради пожарите кои беснеат во Амазонија.

Болсонаро одобрил да се испрати војската во подрачјата кои се загрозени од пожарите, а веќе од саботата бразилските сили тргнаа да се распоредуваат во пограничните области, за да помогнат во гаснењето на пожарот.

Вооружените сили соработуваат со агенциите за јавна безбедност и заштита на животната средина. Болсонаро на свечената церемонија е виден како ја испробува беретката, како позира додека прави селфи, а насмевката не ја симнувал од лицето, пишуваат светските медиуми.

Тој примил воени почести на церемонијата за Денот на војникот во штабот на бразилската војска во Бразил. Истовремено во Рио де Жанеиро и Сао Паоло биле одржани протести против бразилската влада, затоа што граѓаните не биле задоволни како се постапува во ситуацијата со пожарите.

Демонстрантите се собрале и пред бразилските дипломатски претставништва во Париз, Лондон и Женева, за да го повикаат Бразил да направи повеќе во борбата против пожарите.

 

Scroll to Top