Возач кој за некое чудо преживеал страшна сообраќајна несреќа на автопат во Флорида, деновиве беше тема во светските медиуми, особено поради неговото интересното име – Исус Ескобар.
Исус, кој бил зад воланот на својот автомобил, уредно возел по автопатот, но во еден момент пред него изгубил контрола возач на камион, кој удрил во банкина и се превртел.
Камионот превезувал големи и тешки парчиња метален отпад и една огромна тешка цевка, буквално го смачкала цел автомобил на Исус.
Исус од оваа сообраќајна несреќа не само што останал жив, туку немал никакви повреди.
Медиумите ова го окарактерзирале како „вистинско чудо“.