(Видео) Приведена скопјанката која пушеше марихуана на улица

Полицијата ја приведе скопјанката која пушеше марихуана на улица и снимката ја подели на „Фејсбук“. Двајца полицајци попладнево ја лоцирале во Градски парк во Скопје. Ѝ се приближиле, ја легитимирале и ја однеле во станица. Во тек е разговорот со скопјанката, но полицијата не соопштува детали.

Сведок на приведувањето била новинарка на Досие.мк која направила фотографии од легитимирањето на скопјанката со марихуаната. Полицајците и неа ја легитимирале и побарале да ги избрише фотографиите за што новинарката вели дека ќе го извести Здружението на новинари на Македонија.

Scroll to Top