(Видео) Професор станал бездомник, па учениците му собрале пари за кирија

Бразилскиот професор Бруно Рафаел Паива не добил плата два месеца, па бидејќи немал пари за кирија, почнал да спие во училиштето. Кога учениците на кои им бил класен раководител дознале дека станал бездомник, собрале 150 бразилски реали (околу 2200 денари) и му ги дале парите да изнајми соба и да плати кирија.

Видеото во кое професорот плаче стана хит на социјалните мрежи, а неговите ученици го споделуваат со апел да му се помогне на „омилениот професор“, како што го нарекуваат, додека од школото не почнат редовно да им даваат плата.

Scroll to Top