(Видео) Пукања и напади со ножеви низ трговските во Америка

Во трговскиот центар во Њу Џерси за време на масовниот шопинг на „Блек фрајдеј“, дојде до престрелки во кои е рането едно момче, а во трговскиот центар во градот Сиракјуз двајца мажи се прободени со нож.

Престрелката се случила во петокот вечерта во трговскиот центар „Милс“, изјавила портпаролката на градските власти Кели Мартинс, дополнувајќи дека повредите со кои се здобил мажот, не се опасни по живот.

„Засега никој не е уапсен, а ранетиот маж не соработува со полицијата“, изјавила Мартинс, која дополнила дека полицијата во моментов ги анализира снимките од безбедносните камери од трговскиот центар.

По престрелката, трговскиот центар веднаш бил евакуиран. Според изјавата на Мартинс, околу 25.000 луѓе го посетиле трговскиот центар во изминатите два дена, со желба да купат роба по цени традиционални за празникот.

Во меѓувреме на „Блек фрајдеј“ насилството избило уште во еден трговски центар во градот Сиракјуз, во американската држава Њујорк, каде двајца мажи биле избодени со нож околу 16:15 минути.

Засега не се знае што го предизвикало овој инцидент во продавницата „Мејси“. Полицијата пронашла маж прободен во стомак, додека другото лице имало рано по другите делови од телото.

Scroll to Top