Претседателот на Русија, Владимир Путин откри за медиумите какви подароци добил за роденденот од неговите внуци. Тој на 7. октомври го прослави 68 роденден.
Вели дека секогаш за родендените добива честитки од своите најблиски луѓе.
„Секогаш ме изненадуваат за мојот роденден. Не пропуштаат да ми се јават и да ми покажат нешто“, изјавил Путин за телевизијата „Русија 1“.
Путин вели дека од внуците за овој роденден, како и секој претходен добива цртежи и едноставни честитки.
„Понекогаш се случува да ми подарат и рачно направени предмети“, открива Путин.
„Општо кажано, во високата политика нема пријатели. Не би требало ниту да ги има. Во неа постојат само интереси, држави и народи, кои ги претставува една или друга личност која се занимава со политички активности“, вели Путин.
Тој вели дека пред сè, личноста која ја претставува земјата, мора да размислува за нејзините интереси. Според него, добрите односи меѓу луѓето, вклучителни и меѓу лидерите на земјите, секогаш допринесува за решавање на најтешките проблеми.
„И обратно, ако тие односи не се развиваат на лично ниво, тоа ќе ги комплицира работите и интересите на сопствените држави“, вели Путин.