На фотките можеше да се забележи како Путин се сонча, лови риба, плива, нурка и шета. Покрај риболовот, на планинските езера на Јужен Сибир, и шетањата по прекрасната густа сибирска шума, Путин мина и два часа во подводно нуркање.
Во текот на краткиот одмор, на Путин друштво му правеа и министерот за одбраната Сергеј Шојгун, претседателот на Република Какасија Виктор Зимин и градоначалникот на Тива Шолбан Кара-ул.
Иако веќе ги објавија фотките од овој активен одмор на Путин, сега е објавен и цел документарец каде може да се види како еден од најмоќните луѓе на планеитата ужива во текот на трите слободни дена.
Погледнете го видеото: