(Видео) Рибар улови ајкула долга 8 метри во Јадранско Море

Хрватски рибар во саботата во Пиранскиот Залив во Истра фатил ајкула долга 8 метри што се заплеткала во неговата мрежа. Според рибарот, најверојатно, станува збор за ајкула од видот планктонец, вид што се храни со планктони. Тој и уште двајца рибари  ја извлекле ајкулата на брегот. Ајкулата била тешка  помалку од два тона.

Рибарите подоцна големата риба ја пуштиле назад во морето, надевајќи се дека ќе преживее бидејќи, како што рекле, „покажувала знаци на живот“.

Scroll to Top