(ВИДЕО) Робизон Крусо на денешницата – Случајно завршил на пуст остров и таму живее веќе 28 години

28 година, колку што е на островот, ниту еднаш, како што вели, не бил болен.

Мауро Моранди 1989 година, се нашол на италијанскиот остров Будели (меѓу Корзика и Сардинија) и никогаш не си заминал од таму.

Откако се насукал на тоа место, дознал дека чуварот на островот во склоп на Националниот парк на Мадалена, си заминува, и одлучил да го замени. Друштвото не му недостасува, а часовите ги прекратува гледајќи во морето и природата и читајќи книги. Освен што медитира и чита, Мауро фотографира, и изработува скулптури од дрва. Скулптуите ги продава на туристи, а парите ги уплатува на хуманитарни организации.

„Никаде нема да отидам. Се надевам дека овде и ќе умрам и дека ќе ме кремираат и мојата пепел ќе се разлее во ветерот“, изјави тој за „National Geographic“.

 

Вели дека ова е негов затвор, но тој сам го одбрал. Секои две недели, пријателите со брод му носат намирници, а зимоска знае да мине и по 20 дена да не види друг човек. Во 28 години, колку што е на островот, ниту еднаш, како што вели, не бил болен.

Секој ден ја шета плажата и го чисти ѓубрето и пластиката која луѓето безобѕирно ја фрлаат во природата.

„Не сум ботаничар ни биолог. Да, ги знам сите билки и животни, но мојата работа е сосема поинаква. Се обидувам да научам од луѓето зошто билките мораат да живеат, и зотшо ние мораме да ги чуваме“, вели волкот самотник.

Тој смета дека луѓето прво треба да ја сватат важноста на природата, за да потоа им се укаже на убавината.

 

„Би сакал да луѓето ја сватат убавината дека не треба да гледаат, туку да ја почувствуваат, и со затворени очи“, вели Мауро.

„Љубовта е апсолутно последица на убавината и обратно. Кога сакаш некого, ја гледаш неговата убавина, но не затоа што личноста физички е убава, туку сочувствуваш со неа, стануваш дел од таа личност и таа од тебе. Истото е и со природата“, вели Моранди.

 

Scroll to Top