Роботот Софија на компанијата Hanson Robotics нацртал уметничко дело кое било продадено за сума од 688.888 долари. Роботот Софија го преработил уметничкото дело на познатиот италијански сликар Андреа Бонацето.
Софија е мултиталентиран робот кој умее да говори, да се шегува, да пее и да создава уметност. Тој преработил еден од неговите портрети и го претворил во дигитална уметничка слика. Видеото од 12 секунди го објавиле на социјалните мрежи.
Од компанијата велат дека роботот Софија ќе продолжи да слика, но во иднина ќе навлезе и во светот на музиката. Тој веќе работи на неколку музички дела во проектот наречен „Софија Поп“, каде соработува со музичари кои пишуваат музика и текстови.