Момче од Тексас, родено како Истон, денес е девојче по име Ела, откога родителите му дозволиле да го смени полот. Многумина веруваат дека родителите на Ела побрзале со одлуката да му дозволат на своето дете да си го промени полот, па ги критикуваат на социјалните мрежи, а некои одат дотаму што ги нарекуваат малтретирачи.
„Кога Ела имаше две години, почна да покажува знаци дека не се чувствува пријатно во своето тело. На четири години таа ни кажа дека требало да биде девојче и се прашувала зошто излегла од мојот стомак како момче. Еден ден удри во бањата со тупаница и рече: ‘Мамо, направи ме девојче’. Тогаш знаев дека мора да направиме нешто. Во секој случај, јас и мојот сопруг ја поддржуваме нејзината транзиција, без оглед на тоа што секојдневно се соочуваме со осуди“, вели мајката.
Таткото рекол дека единствената цел во животот му е неговото дете да биде среќно и дека не го интересира ништо друго, пренесува „Објектив“.
„Сè што сакам е моето дете да биде здраво и среќно. Ако ова е потребно за Ела да биде среќна, тогаш нека биде така“, рекол тој.
Ако, пак, Ела се премисли еден ден и сака повторно да биде момче, нејзините родители тврдат дека би ја поддржале и во таа намера и би ѝ дозволиле повторно да си го смени полот и да биде она што била веднаш по раѓањето.