Велика Британија секоја година е нападната од роеви летачки мравки, а годинава инсектите стигнале во огромен број, што можеле да се забележат и од вселената, пишуваат британските медиуми.
Инсектите влегле во Јужна Англија, во инвазија која, на прв поглед, изгледа како да се работи за некоја филмска катастрофа. Прво метеоролошкиот радар ги помешал со дожд, далеку почест феномен на британскиот остров.
Метеорологот Симон Кинг ја забележил грешката, а снимката од радарот ја објавил на „Твитер“.
Flying ants!!!
Swarms of them flying into the sky in S Eng are being picked up as rain on the radar image this morning…!#flyingantday #flyingants 🐜🐜🐜🐜#yuk pic.twitter.com/QGOcikqJFq
— Simon King (@SimonOKing) July 17, 2019
„Летачки мравки! Роеви кои летаат во јужна Англија утрово радарот ги детектираше како дожд“, напишал Кинг на видеото.
Овие инсекти се спуштаат на локации ширум Британија секој ден. Ги има на улиците, зелените површини и небото а по неколку часа подоцна тие исчезнуваат. Ваквиот феномен се случува откако мравките ги напуштаат колониите.
Инсектите се парат кога временските услови се добри. И додека летачките марвки се видени неколку дена во текот на годината, поголемиот дел од нив го одбира истиот момент за да излезе од своите гнезда.
Ова претставува проблем за Британците, кои сакаат да излезат надвор и да ги искористат топлите денови за прошетки. Познато е дека овој настан предизвика хаос на јавните настани кои се одвиваат на отворено.
Последните години, играчите на тениското првенство во „Вимблдон“ се бореле да го задржат својот фокус додека роевите инсекти се спуштале на центарот на теренот.
Но, иако наездите може да бидат незгодни, експертите велат дека се драгоцени за британската екологија.