(Видео) Роналдо го прекина интервјуто на Буфон

Кристијано Роналдо откако изјави дека пеналот во 93. минута бил чист, но дека сепак, ги разбира Буфон и играчите на Јувентус зошто се бунат, сепак испаднал доблесен во однос на својот фудбалски колега.  Португалецот во зоната наменета за давање интервју во моментите додека зборуваше Буфон, го прекина интервјуто и го прегрна, а потоа и го бакна. Постојано повторуваше дека му е жал, велејќи му  – извини!

По ова Роналдо изјавил:

„Имам голема почит кон Буфон. Тој е еден од најголемите голмани во историјата и искрено се надевам дека ова не му е последниот натпревар во Лигата на шампионите“.

 

За потсетување, Реал го мина полуфиналето во Лигата на шампионите благодарение на голот од пенал на Роналдо во 93. минута.

Јувентус стигна до резултат 0:3 и ја надомести негативата од првиот натпревар. Италијанците беа на граница за продолженија, но спорниот пенал ги исфрли од натпреварувањето. Буфон толку беше бесен што поради контактот со судијата заработи црвен картон. Поради протестот италијанскиот голман не можеше да го брани шутот на Роналдо од белата точка.

 

 

Scroll to Top