На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа пациент кој додека лежел во болнички кревет починал од коронавирус. Видеото е направено во болницата рускиот град Новоуралск. Пациентот кој бил со него во собата и кој го направил видеото вели дека никој не дошол да му помогне.
Тој рече дека трчал низ ходници и викал по лекарите и медицинските сестри.
„Девојки, кој било. Медицински сестри, доктори“, се слуша како вика, но никој не одговара на неговата молба.
Внуката на пациентот кој починал, Оксана Кузњецова, на својот блог напишала дека нејзиниот вујко Вадим бил примен во болницата на 5 октомври и дека членовите на неговото семејство често ги гледал низ прозорецот.
„Мојот вујко остана валкан во кревет. Никој не чистеше по него. Немаше дури никој ни да му ги смени пелените, а не можеше да стане и да оди во тоалет“, напишала Оксана.
Таа рече дека често се јавувала во болницата во последните неколку дена за да праша како е, но никој не се јавувал. Таа за смртта на нејзиниот вујко дознала од другиот пациент кој бил со него во болничкото одделение.
„Се гушеше. Отидов да ги повикам лекарите, но немаше никој“, и рекол тој.
Вадим починал на 12 октомври. Откако видеото се објави во јавност, од Рускиот истражен комитет рекоа дека ќе го истражат случајот. На крајот локалните власти донеле одлука да го отпуштат директорот на болницата, Виктор Долгушин. Од болницата засега не одговориле на прашањата на новинарите.