Руските затвори се ноторни по својата корупција, но некои затвори сепак се строги. Да го земем на пример затворот Црн делфин, сместен во карпестата пустина во Средна Азија, недалеку од границата меѓу Рисија и Казахстан. Околу 900 чувари внимаваат на 700 затвореници, 24 часа за да никој не побегне.
Обично има повеќе затвореници од чувари, но во Црниот делфин, се чуваат некои од најозлогласените злосторници во Русија. Еден од нив е Владимир Николаев, осуден во 1997 година, поради двократното убство и канибализмот.
Уапсен е некаде во зимата во 1996 година, а полицијата откри тава со остатоци од човечко месо. На неговиот балкон, во снегот, држел делови од телото кое планирал да го изеде подоцна.
„Доаѓав накај одма од забава. Кај вратата на зградата стоеше еден тип и ми побара запалка. Малку се расправавме и тој ме удри. Јас му возвратив и тој умре. Што требаше да направам? Го влечев до купатилото каде му ја соблеков облеката и почнав да го распарчувам“, пренесува express.hr.
„Му ја отсеков главата, рацете и нозете, кога нешто ми падна на памет одлучив да го пробам неговото месо. Отсеков еден дел од бедрото и го зготвив, но не ми се допадна. Ги исецкав на помали парчиња и ги спржив на тавата. Му дадов и на еден мој пријател кој го даде на жената. Таа нешто готвеше па и децата имаа за ручек. Му реков дека месото е од кенгур. Што тие знаат какво е месето. Во Русија нема кенгури“, раскажа подоцна Николајев.
Неговите цимери во затвор не беа ништо подобри од Business Insider и напоменува дека вкупно одзеле околу 3500 животи, што значи дека во просек, секој затвореник убил по пет лица. Затворениците се под 24 часовен видео надзор, а ќелиите им се сместени зад челичните врати.
Затворениците живеат во своевидни ќелии внатре, а по двајца затвореници делат една ќелија со големина околу четири квадратни метри. Стотина чувари им е потребно за да одржуваат постојано контрола над затворениците за да можат на секои 15 минути да проверат што работат.
Еднак, кога еден затвореник ќе излезе од ќелијата мора да одии со наведната глава и да верува дека тоа е уште една од посебностите на Црниот делфин. Затворениците мораат да имаат превез преку очите кога ќе одат надвор, а се за да можат да запомнат разместувањето на зградата по затворот што би им го олеснило бегството, пренесува еxpress.hr.
Смеат да вежбаат, односно смеат да одат по една посебна ќелија. Тоа значи дека затворениците немаат било каква слобода на движење, надвор од својата ќелија и просторија за вежбање. Чуварите додека затворениците се во прошетка, ја проверуваат секоја ќелија за да откријат било какви забранети предмети. Не постои дури ни ресторан во Црниот делфин туку затворениците добиваат храна во своите ќелии. Најчесто тоа е обична супа, и малку леб. Ниту еден затвореник не побегнал од овој затвор.