Експертите во НАСА ја алармираа јавноста дека прстените кои лебдат околу Сатурн полека исчезнуваат. Од американската вселенска агенција објаснуваат дека џиновската планета благодарение на својата гравитација и магнетно поле ги привлекува своите прстени кон себе си.
НАСА до ваквите сознанија дошла по добиените снимки и фотографии кои ги направиле нивните две сонди „Војаџер 1“ и „Војаџер 2“.
Експерт во НАСА вели дека прстените паѓаат на Сатурн во форма на дожд ѝ ледени честички. Тие можат да бидат со различна големина. Некои од нив се со пречник од неколку метри, а некои се микроскопски во форма на прашина.
„Се проценува дека дождот од прстените за половина час може да го наполни олимпискиот базен“, вели астрофизичарот Џејмс Одонохи од НАСА.
„Ако се земе во предвид дека станува збор само за дожд, проценуваме дека за 300 милиони години сите прстени на Сатурн целосно ќе исчезнат. Ако на тоа се додаде материјалот од прстени кои паѓаат кон екваторот на планетата, во тој случај очекуваме дека прстените ќе преживеат уште 100 милиони години“, вели Одонохи.
Одонохи вели дека леталото Касини кое го испратило НАСА, ја има измерило количината на прстени кои лебдат околу Сатурн.
„Тоа е многу краток период за Сатурн, планета за кој сметаме дека постои повеќе од 4 милијарди години“, додал Одонохи.
Прстените гравитираат околу планетата поради гравитационата сила на џиновската планета која ги привлекува прстените кон неа и центрифугалната сила која настанува кога честичките патуваат околу Сатурн. Доколку не постојат овие спротивставени сили, прстените би одлетале во вселената, објаснува Одонохи.
Научниците на НАСА велат дека уште некое време ќе ја следат стапката на намалување на прстените. Велат дека ќе ги набљудуваат сите сезонски промени. На Сатурн му се потребни 29,4 години за да направи круг околу Сонцето.
За време на тој период, честичките прстени ќе бидат изложени ѝ на Сонцето. Сончевите зраци електронски ги полнат честичките прстени на Сатурн ѝ поради тоа нив ги привлекува магнетното поле на Сатурн.
Научниците на НАСА велат дека количината дожд од прстени би можела да варира во текот на годината, поради разлиното ниво на изложеност на прстените на Сонцето и неговите ултравиолетови зраци.