(Видео) Се одржа Светско првенство во чистење прозорци

Во Лондон неодамна се одржа Меѓународен натпревар за миење прозорци, а победи Американецот Џереми Хикеј кој за 17 секунди исчисти три канцелариски прозорци. На светското првенство учествуваа преку 500 натпреварувачи од целиот свет. Тие се бореа за награда од 1.000 фунти. Секој од натпреварувачите нив имаше девет литри вода и бришач од 30 сантиметри.

Лани на натпреварувањето победил Британецот Тери Турбо Буроус. Тој го држи актуелниот светски рекорд од 9,14 секунди.

Scroll to Top