Патнички авион „Боинг 737-800“ со 196 патници во него се запали пет минути по слетувањето на аеродромот во Шарм ел Шеик во Египет. Огнот кој избил на левата страна од леталото, бил снимен од камерите на аеродромот.
На сајтот на авиокомпанијата Airlive.net пишува дека од авионот чурела хидраулична течност, која капела на кочниците на леталото, кој поради слетувањето биле жешки.
Итните служби веднаш реагирале и го угасиле огнот, а патниците и екипажот безбедно се евакуирани. Според сајтот за следење на летот Flajt Radar 24, станува збор за авион кој бил стар 15 гдини и кој неодамна повторно бил пуштен во функција.
Според податоците на Флајт Глобал, во авионот имало 189 патници и 7 членови на екипажот. Портпаролот на египетското министерство за цивилно воздухопловство изјавил дека пожарот можел да предизвика голема незгода.
Од министерството велат дека огнот можел многу лесно да се рашири и на другите делови од авионот, ако екипажот не постапел крајно професионално.