Храбра Украинка од Геническ, крајбрежниот град на Азовското море, излезе на улиците и им се спротистави на руските војници кои го окупираа нејзиниот град. Иако беа тешко вооружени, таа излезе пред нив и ги праша зошто го прават ова.
„Што правите во нашата земја?“, им викаше таа, додека еден од руските војници се обидуваше да ја смири. Видеото беше објавено на „Твитер“ каде бројни коментатори ја пофалија нејзината храброст. Еден напишал: „Твојата храброст е неверојатна. Ви благодарам. Стоиме со вас до крај.
Инаку, протести против окупацијата на Украина се одржуваат и во руските градови. Ретко видени протести против рускиот претседател Владимир Путин избувнаа во Москва и Санкт Петербург.
Последните информации говорат дека руските трупи навлегле и во главниот град на Украина, Киев каде се случуваат престрелки.