Најмалку едно лице загина, а деветмина се повредени, откако силен земјотрес утринава го погоди грчкиот остров Крит. Во катастрофата загинал градежен работник, кој работел на обнова на црквата во селото Аркалохорија, потврди градоначаклникот на тоа место.
Тој наведе дека во земјотресот биле уштетени уште две други цркви и згради. Тој изјави дека две лица биле заробени, едно во црквата на која се срушила куполата, а другото било заробено во неговиот дом.
Според проценката на Геодинамичкиот институт, земјотресот бил со јачина од 5,8 степени, со епицентар од 78 километри јужно од Ираклион, најголемиот град на тој остров. Европскиот-медитерански сеизмолошки центар проценил вибрации од 6,2 степени.
Сведоците и локалните медиуми пренесуваат дека земјотресот траел долго и дека силно се почувствувал не само во Ираклион, туку и низ целиот остров Крит.
Многумина од паника, за време на земјотресот избегале од своите домови на улица.