За време на рушењето силос во Данска минатата недела дошло до голема грешка па објектот се урнал на погрешна страна и ја здробил соседната зграда.
Напуштениот објект е висок околу 53 метри и се наоѓа во данскиот град Вордингборд. Тој се урнал во спротивен правец од планираниот и го урнал културниот центар во библиотеката. Никој не е повреден за време на инцидентот.
Силосот требало да падне на расчистено подрачје наменето за рушење, но поради грешка, паднал на соседната зграда.
За рушењето се искористени 10 килограми експлозив, а подготовките траеле 6 месеци.
„По сè што направивме и презедовме, силосот требаше да се урне во вистинската насока“, изјавил заменик-шефот на Данското здружение за експлозиви, Јохан Финстен.
Покрената е истрага за инцидентот.