(Видео) Симпсонови предвидуваат финале Мексико – Португалија

На социјалните мрежи деновиве се споделува видео од анимираната серија „Симпсонови“ во кое семејството на Хомер и Марџ гледа најава за финалниот меч на Мундијалот во Русија. Видеото покажува дека во финалето на годинашното светско првенство ќе играат Мексико и Португалија.

Фановите на оваа серија велат дека Симпсонови можеби повторно ќе погодат, откако пред неколку години погодија дека еден ден Доналд Трамп ќе биде претседател на Америка и дека Лејди Гага ќе пее во финалето на Супербол.

Scroll to Top