Бланкет „Биги“ Џексон стана познат уште додека беше во пелени, откако неговиот татко Мајкл Џексон невешто им го покажа на папараците преку ограда на балконот.
Денес ова 19-годишно момче претежно живее далеку од очите на јавноста и многу ретко се појавува во медиумите. Сепак, вчера Биги гостувал во емисијата „Добро утро Британија“ и зборувал за својот татко додека шетал низ просторија исполнета со култните костими на кралот на попот и фотографии на кои се прикажани неговите настапи низ годините. „Оваа куќа и ова студио се полни со спомени“, започнал тој.
„Тоа е всушност она што тој сакаше да го остави како наследство и она што секој од нас всушност сака да го направи. Сакаме да правиме работи што ќе ги усреќат другите луѓе и што може да им користат“, додаде тој.
EXCLUSIVE: Bigi Jackson speaks about his father, Michael Jackson’s legacy for the first time.
Bigi, formerly known as Blanket, is using his voice to call on world leaders to tackle the problem of climate change as COP26 begins. pic.twitter.com/920Zlk4usK
— Good Morning Britain (@GMB) November 1, 2021
Биги изненадил многумина со својот нов изглед. Кога починал татко му, тој имал само седум години, а денес веќе е возрасен човек со брада.
Неговото вистинско име е Принц Мајкл Џексон II, но тој е најпознат по прекарот Бланкет. Во 2015 година го сменил името во Биги.
За него во 2009 година, кога починал неговиот татко, се грижеле бабата Кетрин и братучедот Тито Џо, а во 2017 година неговата сестра Парис открила дека тие двајца се иселиле од семејниот имот во Калифорнија и дека Биги останал сам.