(Видео) Скопјанец во Вардар улови сом тежок 82 килограми

Скопјанецот Назим Акташи улови сом тежок 82 килограми. Сомот беше долг два метри и десет сантиметри, а Акташи го уловил во близина на Велес за време на викендот.

Во изјава за Газета.мк тој вели риболовот долго време му претставува хоби. Тој по објавените фотографии и видеа на неговиот „Фејсбук“, добил понуди од разни здруженија и поединци да го купат сомот, но тој ги одбил.

 

Scroll to Top